• петок, 22 ноември 2024

Даниелс прв професионален британски фудбалер кој се изјасни како хомосексуалец

Даниелс прв професионален британски фудбалер кој се изјасни како хомосексуалец
Лондон, 16 мај 2022 (МИА) – Напаѓачот на англискиот второлигаш Блекпул, Џејк Даниелс, стана првиот активен британски фудбалер кој обелодени јавно дека е хомосексуалец. - Оваа сезона беше фантастична за мене, го потпишав својот прв професионален договор, постигнав 30 голови за резервниот тим и го одиграв својот прв натпревар за првата екипа, истакна 17-годишниот Даниелс во соопштението до јавноста. Надвор од теренот ја криев вистината за тоа кој, всушност, сум јас. Целиот свој живот знаев дека сум хомосексуалец и сега се чувствувам подготвен да излезам во јавноста и да бидам свој, порача напаѓачот на Блекпул. Во текот на 90-те години од минатиот век, Џастин Фашану беше првиот британски фудбалер кој отворено сподели со јавноста дека е хомосексуалец, но тој настапуваше на аматерско ниво кога ја обелодени својата сексуална ориентација во интервју за лондонски „Сан“. Откако го заврши интервјуто беше жртва на хомофобично насилство, а осум години подоцна изврши самоубиство. ег/сд/

Остани поврзан