• петок, 22 ноември 2024

Даниела Бел од ОН: Детската болница во Киев многу веројатно е погодена од руски проектил

Даниела Бел од ОН: Детската болница во Киев многу веројатно е погодена од руски проектил

Киев, 9 јули 2024 (МИА) - Шефицата на мисијата за набљудување на човековите права на Обединетите нации, Даниела Бел, денеска изјави дека нападот врз детската болница „Окматдит“ во Киев најверојатно бил предизвикан од директен удар од руска ракета.

 -Анализата на видео снимката и проценката направена на местото на инцидентот укажуваат на голема веројатност дека детската болница била директно погодена и дека не е оштетена од пресретнат проектил, рече таа, пренесуваат британските медиуми.

Бел додаде дека нејзиниот тим, кој вчера го посети местото на нападот, не може да донесе конечна одлука, но се чини дека проектилот е лансиран од Русија.

Во вчерашните руски ракетни напади врз Украина загинаа најмалку 41 лице, а 149 се ранети, соопштија украинските власти, наведувајќи дека е погоден најголемиот педијатриски објект во Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан