• вторник, 24 декември 2024

Дамјан Давков од Штип ја добива највисоката награда „Осми Ноември“

Дамјан Давков од Штип ја добива највисоката награда „Осми Ноември“
Штип, 29 октомври 2021 (МИА) - Тринаесетгодишниот математички гениј, Дамјан Давков е добитник на наградата „Осми Ноември“, на Општина Штип. Комисијата за доделување на награди и признанија, како и Комисијата за култура и 23 советници на Советот на Општина Штип на денешната седница едногласно ја донесоа одлуката на Давков да му се додели наградата, која општината ја доделува на секој пет години. Признанија „Осми Ноември“ годинава постхумно ќе им бидат доделени на новинарите Драган Ристов, Трајче Јованов и Горан Гаврлиов, кој воедно беше сопственик на националното радио „Канал 77“, а кое годинава одбележа 30 години. Признанија добиваат и познатата граѓанска активистика и борец за работнички права Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип и Планинарското друштво „Лисец“. Наградата и признанијата „Осми Ноември“ ќе се доделат на свечена седница на Советот на Општина Штип, токму на Денот на ослободувањето. На денешната седница на Советот на Општина Штип се разгледуваат и предлог одлуки за полигодишното работењето и  финансиката состојба на ЈП „Стипион“. вдј/бт/

Остани поврзан