• вторник, 05 ноември 2024

Дали одлуката за папата Јован Павле Втори да биде прогласен за светец беше избрзана?

Дали одлуката за папата Јован Павле Втори да биде прогласен за светец беше избрзана?
19 ноември 2020 ХИНА, Загреб Покојниот папа Јован Павле Втори за време на неговиот 27-годишен понтификат канонизираше толку многу луѓе што Ватикан беше наречен „фабрика на светците“. Неговото наследство денес е разнишано, па дури и некои католици се прашуваат дали е избрзана одлуката да биде прогласен за светец во 2014 година, само девет години по неговата смрт. Ватикан минатата недела објави извештај за поранешниот кардинал Теодор Мекарик, ѕвезда на Американската црква, кој беше протеран од свештенството минатата година, откако внатрешната истрага го прогласи за виновен за сексуално злоставување малолетници и возрасни и злоупотреба на моќ. Се покажа дека Јован Павле Втори го унапреди Мекарик за надбискуп во Вашингтон во 2000 година и покрај постојаните гласини за недолично сексуално однесување. Мекарик негираше сè, а Папата му веруваше и одби да послуша неколку високи црковни службеници кои го советуваа да не го тронисува. Извештајот ја обнови дебатата меѓу бранителите и клеветниците на Јован Павле Втори што ја придружуваше неговата канонизација - признание дека едно лице живееше и почина на таков примерен начин да е со Бог на небото и достоен за јавно обожавање во црковната заедница. „Светците се човечки суштества и во својата човечност можат да бидат измамени“, рече биографот на Папата, Џорџ Вајгел. Тешко признание Лидерот на полската бискупска конференција рече дека Мекарик „цинично го измамил“ Јован Павле Втори, но со тоа не се согласуваат сите Полјаци. Некој на уличен знак на авенијата „Јован Павле Втори“ во Варшава ставил налепница и сега на тоа место пишува „Авенија на жртвите на Јован Павле Втори“. Во Соединетите Американски Држави, влијателниот весник „Нешнал католик рипортер“ (National Catholic Reporter) ги повика бискупите да го „потиснат култот“ на покојниот Папа. Иако сè уште би се сметал за светец, тоа би значело дека училиштата и црквите не треба да се именуваат по него, а сите активности на неговото почитување треба да бидат приватни. „Време е за тешко признание. Овој човек го поткопа сведочењето на глобалната Црква, го наруши нејзиниот кредибилитет како институција и им постави тажен пример на бискупите да ги игнорираат извештаите за жртвите на злоупотреба", се наведува во уводникот на весникот. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни рече дека нема коментар за случајот. Во извештајот за Мекарик се наведува дека Јован Павле Втори бил склон да верува во негирањето на кардиналот затоа што веројатно го поттикнало искуството од неговата родна Полска каде комунистите лажно ја обвиниле Црквата за злоупотреба со цел да ја ослабат. Бранителите на Папата го понудија истото објаснување за да се спротивстават на обвинувањата дека Јован Павле Втори ги затворил очите за отец Маркиал, мексиканскиот основач на Орденот на легионерите Христови, кој беше најозлогласен сексуален насилник во Црквата. Светци - модели што треба да се имитираат „Проблемите што се појавија поради однесувањето на Џон Пол кон Мекарик докажуваат дека не е во ред да се избрза во чија било канонизација“, рече отец Том Рис, висок аналитичар на независниот „Релижн Њус Сервис“ (Religion News Service).  „Јас се спротивставувам на канонизацијата на папите, бидејќи тоа почесто се однесува на црковната политика отколку на светоста“, додаде Рис.Светците треба да бидат модели што треба да се имитираат. Како ги имитирате папите, освен ако не сте папа?" Јован Павле Втори канонизираше речиси 500 луѓе. Тој го смени претходното правило дека процесот на канонизација, познат како кауза, мора да започне 50 години по смртта. Тој го намали тој период на пет години и дозволи брзи исклучоци. Папата Бенедикт Шеснаесетти, избран во 2005 година, го отфрли и тоа правило и ја дозволи каузата на неговиот претходник Јован Павле Втори, започнува неколку недели по смртта на Војтил. Католичката авторка Еден Голдстајн напишала дека извештајот за Мекарик не го сменил нејзиното верување во светоста на Јован Павле Втори, но го сменил начинот на кој таа му се молела. „Сега се молам: Почитуван Свети Јован Павле Втори, ти го скрши тоа, ти тоа и поправи го“. паг/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан