• петок, 22 ноември 2024

„Далга“ - концерт на Филхармонија во Скопје и во Белград

„Далга“ - концерт на Филхармонија во Скопје и во Белград
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Оркестарот на Филхармонија во среда, 12 октомври, ќе одржи концерт насловен „Далга“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како што соопштија од Филхармонија, Имери настапува наместо шпанскиот гитарист Рафаел Агире, кој поради болест го откажа гостувањето во Скопје.  На програмата се „Пијан танец – Пајдушко“ од македонскиот композитор Сони Петровски и Концертот за пијано и оркестар во бе-мол и Шестата симфонија „Патетична“ од Петар Илич Чајковски. Концертот е поддржан од Европската Унија, а со истата програма оркестарот на Филхармонија на 14 октомври ќе гостува и во Белград.

Сони Петровски е роден на 4 јануари 1977 година во Сиднеј, Австралија. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови. Операта „Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот „Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во нашата држава, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Новрешка, Полска, Русија, Украина, Данска, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Канада.

Дино Имери се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со професротие Људмила Романова, Борис Романов  како и со професорот Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде.

Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во државата, но и во странство.бт/са/

Остани поврзан