• понеделник, 23 декември 2024

Далај-лама: Светот да направи повеќе за зачувување на животната средина

Далај-лама: Светот да направи повеќе за зачувување на животната средина
Дарамсала, 12 септември 2020 (МИА) - Државите мора да се мобилизираат и да направат повеќе за животната средина, побара денеска тибетскиот духовен водач Далај-лама во обраќањето пред лидерите на развиените земји од Г7. Тој истакна дека природните катастрофи и климатските промени најмногу влијаат на најсиромашните луѓе во светот. Далај-лама учествуваше на виртуелниот состанок на лидерите на покана на претседателот на Претставничкиот дом на Америка, Ненси Пелоси. На состанокот присуствуваа лидери од Канада, Европската унија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија. - Денес треба да обрнеме поголемо внимание на глобалното затоплување, рече Далај-лама, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 1989 година за својата посветеност кон животната средина и неговата ненасилна кампања за заштита на правата на Тибет, контролиран од Кина. - Поради глобалното затоплување, во некои области врне премногу дожд, други области се погодени од суша. Овие луѓе страдаат, особено во Африка, делови од Индија и Кина, рече тој. Далај-лама додаде дека климатските промени влијаат различно на луѓето, во зависност од нивниот животен стандард. Богатите луѓе, кои одат во големи хотели „навистина не ги чувствуваат“ ефектите од глобалното затоплување, рече тој. Но, сиромашните се соочуваат со сериозен проблем. Тибетскиот водач живее во егзил веќе 60 години во Дарамсала, во северна Индија. ссм/

Остани поврзан