• понеделник, 22 јули 2024

Далас не планира да го замени Кортни Ли

Далас не планира да го замени Кортни Ли
Далас, 23 јуни 2020 (МИА) - Далас не планира да го замени својот играч Кортни Ли, кој доби сериозна повреда на ногата и ќе го пропушти рестартот на сезоната во НБА лигата поради операција. Маверикс сакаат Ли да биде со екипата во Орландо и сметаат дека да се има искусен играч во соблекувалната е многу важно за тимот. Доколку Ли остане во составот, Далас нема да може да се стекне со нов кошаркар за време на трансфер прозорецот. зс/

Остани поврзан