• понеделник, 23 декември 2024

Даев: Не знам зошто Лазаров се повлече, ние останува на проектот Голден Арт КЛ7

Даев: Не знам зошто Лазаров се повлече, ние останува на проектот Голден Арт КЛ7
Скопје, 29 јуни 2021 (МИА) – Претседателот на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7, Сашо Даев, на денешниот брифинг со новинарите, информира дека и покрај заминувањето на Кирил Лазаров, останатите членови на управата остануваат доследни на своите првични цели на проектот, давање шанса на македонските млади ракометари. - Изминатиот период се појавија шпекулации околу иднината и функционирање на нашиот клуб, особено по повлекувањето на Кирил Лазаров. Кога се случи, ни самите не знаевме што се случи. Навистина не ми се познати причините за такво нешто, но сметам дека недостатокот на комуникацијата доведе ова. За одлуката на Лазаров да се откаже од проектот дознавме во декември. Не знам дали неговата цел беше да престане постоењето на клубот, но ние како финансиери, како одговорни луѓе што водиме големи компании, не можевме едноставно да кажеме „пријатно“. Сепак родителите на младите играчи ни дале доверба нас, а ние кон нив имавме обврски со стипендии, договори, сместување и слично. Фактички преземавме обврска да се грижиме за нив. Клубот во иднина ќе се вика Голден Арт, но за тоа треба да се завршат некои административни процедури, изјави Даев, првт човек на компанијата „Рехау“, еден од спонзорите на клубот. За „оперативецот“ Горан Ѓоргоноски пресудно да остане во клубот е визијата на спонзорите и одличната логистичка поддршка која ја имаат сите селекции кога станува збор за организациска поставеност. - Лесно беше да донесеме два-три странци и да останевме во Суперлигата. Меѓутоа, ние останавме доследни на патот, да настапуваме со наши, македонски играчи на кои ќе им дадеме шанса да се развиваат и да созреваат. Треба да продолжиме и да се надградуваме работејќи и овозможувајќи им квалитетни услови на нашите ракометари, истакна Ѓоргоноски. Нов тренер на Голден Арт КЛ7 во сезоната што претстои ќе биде Никола Матлиески кој воедно ќе биде координатор на сите младински категории во клубот. Тој ветува максимална работа - Можам да ветам работа и напредок на играчите. Тоа е едната цел а другата е враќање во Суперлигата. Ќе бидам посветен и во секое време на располагање на секој играч. Од управата добив уверување за максимални услови за работа, рече Матлиески. зс

Остани поврзан