• понеделник, 23 декември 2024

Давид Силва: Кога ќе завршам да играм, ќе станам тренер, иако на почетокот ја отфрлив оваа идеја

Давид Силва: Кога ќе завршам да играм, ќе станам тренер, иако на почетокот ја отфрлив оваа идеја
Манчестер, 18 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестерсити, Давид Силва изјави дека сака да стане тренер по завршувањето на својата фудбалска кариера. Триесет и четиригодишниот Шпанец смета дека веќе има доволно искуство за тренерската работа. - Играв со такви одлични играчи како Чави и Иниеста, кои се симбол на нашата генерација. Играв против Роналдињо во неговата најдобра форма. Тогаш дури се плашев да му пристапам за да ја одземам топката, бидејќи тој можеше лесно да понижи некого. Играв против Роналдо и Зидан, против Меси. Постепено сами станувате тренер. И, ако на самиот почеток реков „не“ сепак оваа мисла, сега станува опција. Затоа што е сè поинтересно за мене. Кога ќе завршам да играм, сакам да станам тренер. Но, не знам кога тоа ќе се случи, затоа што сакам да играм уште неколку години, потенцира Силва. зс/

Остани поврзан