• петок, 28 јуни 2024

Давидовски не успеа да се пласира во втората квалификациска сесија за трката во Бахреин

Давидовски не успеа да се пласира во втората квалификациска сесија за трката во Бахреин
Бахреин, 11 ноември 2022 (МИА) - Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски на квалификациите за трката во Бахреин го освои 15. место на стартот, односно не успеа да ја оствари личната цел да биде меѓу најдобрите 12 возачи кои продолжуваат во втора квалификациска сесија. - Зацртав скромна и остварлива цел, а тоа беше да влезам во втората квалификациска сесија, затоа што на тој начин ќе имав подинамична трка. Доколку го повторев времето од вториот тренинг, тоа и ќе се случеше. Не сакам да барам оправдување, но во ова натпреварување имаме поинакви пневматици, кои даваат подобар контакт со подлогата во првиот круг, но со нив и тркалата полесно блокираат. Ситна непрецизност во сопирањето и шансата за подобрување на резултатот отиде во неповрат. Дополнително, патеката вчера беше со повеќе песок, денес изненадувачки чиста и се забележа еволуција, триењето на гумите беше на повисоко ниво, а со тоа и температурата во вториот книг на возењето беше висока. Генерално, на сите полиња имавме помали проблеми, но дефектот кој ме оневозможи да ги возам оние 45 минути од вчерашната прва тренинг сесија, најмногу влијаеја за да бидеме подготвени за денес. Имам верба во механичарите дека ќе подготват добар автомобил за првата трка денес, па со тоа сите ќе имаме можност да го поправиме впечатокот, изјави Давидовски. Втората трка ќе се вози утре. зс/

Остани поврзан