• сабота, 27 јули 2024

Дабл-дабл на Адетокунбо во победата на Грција над Италија

Дабл-дабл на Адетокунбо во победата на Грција над Италија
Милано, 4 септември 2022 (МИА) - Во дербито на третиот натпреварувачки ден на Евробаскет 2022, Грција синоќа во Милано ја совлада Италија со 85:81. Ова беше натпревар од 2. коло во Ц-групата кој го одбележа Јанис Адетокунбо со двоен ефект – 25 поени и 11 скокови. Во поразенито тим с еистакна Симоне Фонтекио со 26 поени. Резултати на саботните средби (2. коло) на ЕП во кошарка: Црна Гора – Белгија 76:70 Финска – Полска 89:59 Велика Британија – Хрватска 65:86 Германија – Босна и Херцеговина 92:82 Бугарија – Турција 87:101 Естонија – Украина 73:74 Чешка – Србија 68:81 Литванија – Франција 73:77 Грузија – Шпанија 64:90 Унгарија – Словенија 88:103 Грција – Италија 85:81 Холандија – Израел 67:74. По две победи и без пораз досега имаат: Шпанија и Турција (А-група), Германија и Словенија (Б-група), Украина и Грција (Ц-група), Србија и Израел (Д-група). зс/

Остани поврзан