• понеделник, 23 декември 2024

Г-7: Сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година

Г-7: Сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година
Вашингтон, 17 август 2020 (МИА) - Министрите за финансии на Г-7 денеска оценија дека е подобрена економската состојба во нивните земји и се договорија да продолжат да ги координаираат своите одговори на пандемијата со Ковид-19, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии. На телеконференцијата, министрите ги повикаа сите официјални билатерални кредитори во целост да го спроведат замрзнувањето на долгот на најсиромашните земји во светот, откако тоа беше договорено на ниво на Групата 20 најразвиени светски економии. Министрите на земјите-членки на Г-7 се согласија и да ги разгледаат дополнителните опции за земјите со ниски приходи, вклучително и ослободување од отплатата на долгот да продолжи и во 2021 година. ми/

Остани поврзан