• сабота, 23 ноември 2024

Г-7 се залага за пофер глобален даночен систем

Г-7 се залага за пофер глобален даночен систем
Лондон, 13 јуни 2021 (МИА) - Лидерите на земјите-членки на Г-7 го поддржаа реформскиот проект изработен од нивните министри за финансии за воведување на глобален минимален данок за борба против даночната конкуренција меѓу земјите. Во завршната декларација по тридневниот самит во Корнвол тие се залложија за „пофер глобален даночен систем“. Седумте најразвиени индустриски земји ја повикаа Русија да „престане со дестабилизирачките активности“, да ги почитува човековите права и да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за кибер напади од нејзината територија. - Ја повикуваме Русија пд итно да го истражи и да даде веродостојно објаснување за употребата на хемиското оружје на своја територија, се наведува во завршната декларацијаод Самитот на Г-7. Лидерите на Г-7 ја повика Русија и да престане со „систематската репресија врз цивилното општество и независните медиуми и да ги идентификува и да одговараат лицата кои од нејзина територија извршуваат кибер напади“. Во декларацијата се повикува и Кина да ги почитува човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Ксинџијанг и на жителите на Хонг Конг, притоа изразувајќи подготвеност да соработува со со Пекинг за прашањата од „заеднички интерес“. Г-7 ја побара Светската здравствена организација (СЗО) подетално да го испита потеклото на Ковид-19 во Кина. Истрагата мора да биде „транспарентна“ и „водена од експерти“. Во документот Г-7 го поддржа одржувањето на Летните олимписките игри во Токио од 23 јули до 8 август, што беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. ми/  

Остани поврзан