Гут – Бехрами победи на спустот во Кран Монтана
- За 32-годишната Гут – Бехрами ова е седма победа сезонава, а вкупно 44 во кариерата, што е втор најдобар резултат меѓу активните скијачки, зад неприкосновената Шифрин.
Кран Монтана, 16 февруари 2024 (МИА) - Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешниот спуст од Светскиот куп на патеката во Кран Монтана со што ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Американката Микаела Шифрин.
Гут – Бехрами триумфираше со време 1:19:11 минута, пред сонародничката Јасмин Флури, која заостана 21 стотинка и Австријката Корнелија Хутер (1:19:32).
За 32-годишната Гут – Бехрами ова е седма победа сезонава, а вкупно 44 во кариерата, што е втор најдобар резултат меѓу активните скијачки, зад неприкосновената Шифрин.
Швајцарката со денешниот триумф е водечка во генералниот пласман со 1.314 бодови, 105 повеќе од Шифрин (1.209), која се повреди на 26 јануари во Кортина д’Ампецо. Третопласирана е Италијанката Федерика Брињоне (968). ег ФОТО: Икс