Гутереш ја осуди експлозијата на натпревар во крикет во Кабул каде загинаа 19 лица
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди експлозијата во петокот на натпревар во крикет во Кабул, во која загинаа најмалку 19 цивили, повеќе од првично очекуваното. „Има дополните
Њујорк, 30 јули 2022 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди експлозијата во петокот на натпревар во крикет во Кабул, во која загинаа најмалку 19 цивили, повеќе од првично очекуваното. „Има дополнителни жртви“, напиша Гутереш на Твитер.
Талибанските безбедносни служби соопштија дека експлозијата за време на натпреварот била предизвикана од рачна граната без да го откријат точниот број на загинати.
Најмалку 13 повредени се пренесени во болницата со која раководи италијанската невладина организација „Emergency“ во главниот град на Авганистан.
„Се надеваме дека нашите сограѓани, странски гости, дипломати и меѓународни лидери нема да водат директна кампања за оние зли луѓе кои не им посакуваат среќа на Авганистанците“, соопшти полицијата во Кабул.
Талибанците, кои од нивното враќање на власт тврдат дека ја вратиле безбедноста во земјата, ги кријат ваквите инциденти од јавноста.
ОН регистрираа 2.106 цивилни жртви откако талибанците ја презедоа власта. Во својот последен извештај, повеќето од тие убиства ги препишаа на Исламската држава. паг/