• вторник, 17 декември 2024

Гутереш: Слободата на медиумите е нападната секаде во светот

Гутереш: Слободата на медиумите е нападната секаде во светот

Њујорк, 2 мај 2023 (МИА) – Слободата на медиумите е нападната секаде во светот, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, осудувајќи ги нападите врз новинарите, како и дезинформациите.

- Сите наши слободи зависат од слободата на медиумите … Слободата на медиумите е витален елемент на човековите права, рече Гутереш во видео порака емитувана во пресрет на утрешниот Светски ден на слободата на медиумите.

Гутереш додаде дека „слободата на медиумите е нападната насекаде во светот“, наведувајќи дека новинарите и медиумските работници се директно цел на напади онлајн и вон социјалните мрежи, додека извршуваат важна работа.

Генералниот секретар на ОН се осврна и на дезинформациите.

- Вистината е загрозена од дезинформации и говор на омраза кои се обидуваат да ги замаглат границите меѓу фактите и фикцијата, меѓу науката и заговорот, додаде Гутереш. јт/

Фото: ОН

Остани поврзан