• среда, 03 јули 2024

Гутереш повика на усвојување глобален план за вакцинација

Гутереш повика на усвојување глобален план за вакцинација
Њујорк, 17 февруари 2021 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска повика на усвојување на глобалниот план за вакцинација, велејќи дека Групата од 20 богати нации е во добра позиција да ги предводи ваквите напори. - На светот итно му треба глобален план за вакцинирање кој ќе го донесат сите оние кои ја имаат потребната сила, научна експертиза и производствен и финансиски капацитет, рече Гутереш пред Советот за безбедност на ООН. „Треба да обезбедиме сите, насекаде, да бидат вакцинирани што е можно побрзо“, додаде тој. паг/

Остани поврзан