• петок, 05 декември 2025

Гутереш побара итно обновување на финансирањето на УНРВА

Гутереш побара итно обновување на финансирањето на УНРВА

Њујорк, 26 септември 2025 (МИА)  - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека Меѓународната заедница итно треба да го врати целосното финансирање на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци –УНРВА (UNRWA).

За време на годишниот министерски состанок и на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Гутереш ги повика членовите да ја поддржат работата на УНРВА, која ја опиша како „неопходна за населението на тој регион“, соопшти ОН на својата веб-страница.

Генсекот на ОН истакна дека, и покрај сите мерки преземени од светската заедница, УНРВА работи под екстремен и растечки притисок.

„УНРВА е принудена да дејствува под екстремен и растечки притисок. Во Газа, нашите вработени се убиваат. Нашите објекти се уништуваат. И насекаде, УНРВА се соочува со буџетски дефицит и поплава од дезинформации“, рече Гутереш.

Тој оцени дека УНРВА даде непроценлив придонес за развојот, човековите права, хуманитарните акции и мирот и безбедноста, „вклучително и за Израел“ и дека условите под кои работи „се влошуваат секој ден“.

„УНРВА е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот. Ве поканувам да направите сè што можете за да ја поддржите нејзината работа“, рече генералниот секретар на ОН.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан