Гутереш му се заблагодари на Дуда за полското гостопримство на украинските бегалци
- Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш му се заблагодари на полскиот претседател Анджеј Дуда за великодушноста на полскиот народ, поради тоа што ги отворија домовите за ре
Варшава, 27 април 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш му се заблагодари на полскиот претседател Анджеј Дуда за великодушноста на полскиот народ, поради тоа што ги отворија домовите за речиси два милиони украински бегалци, пишува во објавата на портпаролот на ОН на Твитер.
Гутереш вчера беше во Москва, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше за ситуацијата во Украина. На агендата на Гутереш за утре е состанок во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Според ОН, за време на посетата на Гутереш на Москва, постигнат е договор за евакуација на цивилите од фабриката „Азовстал“ во Мариупол. бд/јт/Upon arrival in Poland, @antonioguterres was received by President @AndrzejDuda, and expressed his deep appreciation for the generosity of Polish people for the manner in which they opened their homes to almost two million Ukrainian refugees. https://t.co/VG5KecT0io pic.twitter.com/0PMfY3FDN0
— UN Spokesperson (@UN_Spokesperson) April 26, 2022