• петок, 05 декември 2025

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право

Њујорк, 3 декември 2025 (МИА) - Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

- Верувам дека сè уште сме далеку од решение, рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк.

Гутереш додаде дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во Појасот Газа.

Тој посочи дека постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства.

Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право. ссм/

фото: архива

Остани поврзан