• сабота, 21 декември 2024

Гутереш длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот исток по израелските напади во Иран

Гутереш длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот исток по израелските напади во Иран

Њујорк, 26 октомври 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е „длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток“ по израелските напади врз Иран, рече неговиот портпарол Стефан Дужарик во денешното соопштение.

„Генералниот секретар итно го повторува својот повик до сите страни да ги прекинат сите воени дејствија, вклучително и Газа и Либан, да ги направат сите можни напори за да се спречи сеопфатна регионална војна и да се вратат на патот на дипломатијата“, додаде Дужарик. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан