• петок, 22 ноември 2024

Гувернерот на Флорида, ДеСантис со закон им забрани на малолетниците да користат социјални мрежи

Гувернерот на Флорида, ДеСантис со закон им забрани на малолетниците да користат социјални мрежи

Талахаси, 25 март 2024 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон ДеСантис, денеска го потпиша законот со најрестриктивна забрана за пристап до социјалните мрежи за малолетници во САД.

Законот, кој стапува на сила на 1 јануари, им забранува на малолетниците помлади од 14 години да имаат профил на социјалните мрежи, а оние на возраст меѓу 15 и 16 години мора да имаат дозвола од родител или старател да отворат профил.

Одобрениот закон беше омекнат во однос на претходно предложениот, со кој на сите лица помлади од 16 години ќе им се забрани воопшто да имаат профил на социјална мрежа, без разлика на родителската согласност.

Неколку други држави размислуваат за слични закони, но во август федерален судија во Арканзас го укина законот кој бараше согласност од родителите за малолетниците да отвораат профили на социјалните мрежи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан