• петок, 05 декември 2025

Гувернерот на Тексас најави распоредување на Национална гарда поради протестите против депортациите

Гувернерот на Тексас најави распоредување на Национална гарда поради протестите против депортациите

Остин, 11 јуни 2025 (МИА) – Гувернерот на Тексас Грег Абот најави распоредување на резервисти од Националната гарда во државата, поради протестите против политиките за депортација на мигранти без документи наредени од претседателот Доналд Трамп.

„Мирното протестирање е легално. Насилството и напади врз луѓе или објекти се незаконски и ќе предизвикаат апсења“, напиша гувернерот на социјалната платформа Iкс.

Во повеќе градови низ Тексас се одржуваат протести, дел од пошироко движење против засилените акции на имиграциските власти. Абот, републиканец и близок сојузник на Трамп, ја поддржува политиката на строго гранично спроведување. ссм/

фото: архива

Остани поврзан