• понеделник, 23 декември 2024

Грчкото обвинителство ќе зпочне истрага за информациите на „Катимерини“ за пожарот во Мати во 2018 година

Грчкото обвинителство ќе зпочне истрага за информациите на „Катимерини“ за пожарот во Мати во 2018 година
Атина, 20 јули 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство на Грција ќе спроведе истрага за објавените информации во весникот „Катимерини“ поврзани со катастрофалниот пожар во Мати пред две години во кој животот го загубија 102 лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Истрагата е по натписите дека вештакот одреден да истражи што се случувало во Мати, бил под закани и уцени и од него било побарано да скрие податоци. Дополнително, освен објавеното во весникот, во истрагата на обвинителството ќе биде и тужбата од вештакот, односно службеникот во противпожарната служба на Грција против поранешниот началник, кој според објавените дијалози во „Катимерини“ се обидува да влијае врз него за извештајот од вештачењето. ср/

Остани поврзан