• понеделник, 23 декември 2024

Грчкото МНР обвинува за сквернавење на манастирот Сумела во Турција

Грчкото МНР обвинува за сквернавење на манастирот Сумела во Турција
Атина, 7 февруари 2022 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение реагира за, како што велат, сквернавење на манастирот Сумела во Турција, откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои „странски бенд изгледа како да танцува диско во просторот на историскиот манастир Богородица Сумела“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додаваат дека манастирот е кандидат за прогласување за споменик на светско наследство на УНЕСКО и „изненадување предизвикува фактот што на групата ѝ била дадена дозвола, бидејќи манастирот се отвора само за аџилак“. -Ги повикуваме надлежните турски власти да го сторат она што е правилно за да не се повторат ваквите дела и да го почитуваат светиот простор на манастирот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција. Според грчките медиуми во просторот на манастирот Сумела, бил сниман видео клип или рекламен спот со диџеј. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан