• четврток, 19 декември 2024

Грчки навивачи го нарушиле јавниот ред и мир во центарот на Скопје

Грчки навивачи го нарушиле јавниот ред и мир во центарот на Скопје
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Навивачка група од Грција попладнето го нарушила јавниот ред и мир во центарот на Скопје поради што имаше зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница кај „Рекорд“. - Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.мс/са/  

Остани поврзан