• понеделник, 23 декември 2024

Грчкиот премиер го одбележува DUODay и денешните негови активности ги врши во придружба на лице со попреченост

Грчкиот премиер го одбележува DUODay и денешните негови активности ги врши во придружба на лице со попреченост
Атина, 18 ноември 2022 (МИА) – Во рамките на DUODay односно денот кога вработените, нивните работни обврски ги извршуваат во придружба на лице со попреченост, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешните активности е придружуван од момче со аутизам, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на Мицотакис соопштувајќи ја денешната програма на грчкиот премиер која предвидува учество на настан за крајот на сезоната на пожари и вечера со претседателот на Србија Александар Вучиќ, додадоа дека во активностите, Мицотакис ќе биде придружуван од лице со попреченост. Во Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, денеска се одржа конференција за завршувањето на сезоната на пожари во земјата, а меѓу учесниците беше и грчкиот премиер кој пристигна во придружба на 26-годишниот Јоргос Цевас на кој на млада возраст му бил дијагностициран функционален аутизам. Цевас, заедно со Мицотакис ја проследи целата конференција. ср/сд/ Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан