• понеделник, 23 декември 2024

Грчката претседателка прими трета доза од вакцината

Грчката претседателка прими трета доза од вакцината
Атина, 8 октомври 2021 (МИА) – Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, денеска прими трета доза вакцина против Ковид-19 и упати апел до невакцинираните, да го надминат стравот и да се имунизираат, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу истакна дека вакцината е најефикасниот начин, во комбинација со мерките за конечно ослободување од пандемијата, а „излезот од здравствената криза веќе е наш избор“. - Според статистичките податоци, десет месеци по почетокот на програмата за вакцинација, огромното мнозинство на оние кои сериозно се разболуваат од вирусот не се вакцинирани. Упатувам апел до оние наши сограѓани кои се двоумат или одбиваат да се вакцинираат од свои причини, да ги надминат стравовите и што е можно поскоро да дојдат во центрите за вакцинација, порача Сакеларопулу откако во атинска болница ја прими третата доза од вакцината. Грчката претседателка беше првиот политичар во Грција што се вакцинираше, првата доза ја прими на 27 декември 2020 година, на првиот ден од процесот на имунизација во земјата, а веднаш по неа, вакцината ја прими и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. ср/гт/

Остани поврзан