• понеделник, 23 декември 2024

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија
Атина, 10 ноември 2022 (МИА) – Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување и сузбивање на појави на детска порнографија и по повеќемесечно детално онлајн истражување и анализа на дигитални податоци, биле идентификувани интернет корисници на грчка територија, кои поседувале вкупно 1.874 фајлови со детска порнографија. Веднаш било известено надлежното обвинителство, а во понатамошната истрага биле откриени податоците на конкретните интернет корисници, по што бил извршен и претрес во нивните домови, во периодот од 24 октомври до 7 ноември 2022 година и биле пронајдени и одземени компјутер, хард дискови и усб. При направениот увид биле откриени видеа и фотографии со детска порнографија и уапсени двајца од четворицата интернет корисници.ср/зш/

Остани поврзан