• сабота, 23 ноември 2024

Грција ќе почне сеизмички истражувања за наоѓалишта на природен гас

Грција ќе почне сеизмички истражувања за наоѓалишта на природен гас
Атина, 8 ноември 2022 (МИА) – Сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, што ќе ги врши американската компанија „ExxonMobil“, а ќе почнат набргу, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашата земја, како што многупати имам кажано, без оглед на нејзината посветеност на брзата зелена транзиција, мора да истражи дали во моментов има можност да извлекува природен гас, што ќе придонесе не само за нашата енергетска безбедност, туку и за енергетската безбедност на Европа. Затоа, овие истраги ќе ги иницира „ExxonMobil“ во наредните денови, рече Мицотакис. Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), денеска ги објави следните чекори во програмата за истражување на полињата на природен гас во земјата, со реализација на 3Д геофизички истражувања во северниот дел на Јонското море и 2Д геофизички истражувања во концесиите западно и југозападно од Крит. Во соопштението истакнаа дека геофизичките истражувања ќе се вршат во претстојните зимски месеци со цел да се минимизира секое влијание врз животната средина и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на животната средина. Претседателот на ЕДЕИЕП Рикард Скуфиас го поздрави напредокот и рече дека „грчкиот природен гас може да игра важна улога, не само за Грција, туку и во поддршката на поширокиот регион и за зголемената побарувачка на Европа за енергетски ресурси во критичниот момент за енергетската безбедност“. ср/сд/

Остани поврзан