• петок, 09 август 2024

Грција посилна за Адетокумбо на Европското првенство

Грција посилна за Адетокумбо на Европското првенство
Атина, 21 јули 2022 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Милвоки, Јанис Адетокумбо, ќе настапи за репрезентацијата на Грција на претстојното Европско првенство, објавија денеска локалните медиуми. Адетокумбо (27) објави на социјалните мрежи фотографија од салата во која се подготвуваат грчките репрезентативци. Центарот на Милвоки ја илустрираше фотографијата со знамето на Грција и порака „Наскоро“. Грчките медиуми наведуваат дека тоа е доказ оти еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата ќе настапи за националниот тим. ег/ми/

Остани поврзан