• петок, 05 декември 2025

Грција освои бронза на Евробаскет 2025

Грција освои бронза на Евробаскет 2025

Рига, 14 септември 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Грција попладнево ја совлада Финска со 92:89 во натпревар за третото место на Евробаскет 2025.

Грците до бронзениот медал во Рига стигнаа по драматична победа извојувана во самиот финиш во кој Финците имаа шут за победа на четири секунди пред крајот.

За Грција ова е прв медал на евро-шампионатите по пауза од 16 години.

Вечер од 20 часот исто така во Рига, Летонија, во дуелот за трофејот ќе се соочат Турција и Германија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан