• сабота, 23 ноември 2024

Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто
Атина, 21 јули 2022 (МИА) – Грција начелно не се согласува со предлогот на Европската Комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат нивните веќе доставени предлози, јави дописничката на МИА од Атина. -Грчката Влада начелно не се согласува со предлогот на Комисијата за намалување за 15 отсто на употребата на природниот гас. Поднесовме низа предлози и во однос на цените, односно економската димензија на природниот гас и во однос на снабдувањето. И ќе инсистираме на овие предлози, рече Иконому. Додаде дека ќе останат на нивниот став дека „насоката на овие предлози може да донесе многу суштински и клучни решенија„ за справување со енергетската криза во Европа.ср/

Остани поврзан