• вторник, 05 ноември 2024

Грција: В понеделник ќе биде соопштена вакцинација со трета доза за здравствените работници и лицата над 60 години

Грција: В понеделник ќе биде соопштена вакцинација со трета доза за здравствените работници и лицата над 60 години
Атина, 17 септември 2021 (МИА) – Ги очекуваме последните појаснувања од Комисјата за вакцинација и следниот понеделник ќе ги соопштиме сите детали за вакцинација со трета доза, а говориме за лица над 60 година и за здравствените работници, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервјуто за радиото „Параолитика“, јави дописничката на МИА од Атина. Додаде дека третата доза ќе биде со мРНА вакцина, но деталите, како и временскиот рок ќе бидат соопштени на редовната прес конференција за процесот на имунизација. Темистоклеус истакна дека напорите на Владата се фокусирани на тоа што повеќе граѓани да се убедат да се вакцинираат, нешто што, според него, не може да се примени и кај антиваксерите. -Не светиш навечер, не зрачиш 5G, не се менува твојата ДНК и не можат да те откријат на Bluetooth. Секој треба да се вакцинира за да се заштити самиот, да ги заштити луѓето што ги сака и да изградиме колективен имунитет, истакна Темитоклеус говорејќи за тоа зошто е потребно граѓаните да се вакцинираат. ср/јт/

Остани поврзан