• вторник, 13 јануари 2026

Група од 14 земји упатија заеднички апел до Израел да го запре ширењето на еврејските населби на Западниот Брег

Група од 14 земји упатија заеднички апел до Израел да го запре ширењето на еврејските населби на Западниот Брег

Париз, 24 декември 2025 (МИА) - Четиринаесет земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Канада и Јапонија, вечерва го осудија неодамнешното одобрување на нови еврејски населби на Западниот Брег, повикувајќи ја израелската влада да ја поништи оваа одлука и да го запре ширењето на населбите.

„Ние, претставниците на Германија, Белгија, Канада, Данска, Шпанија, Франција, Италија, Ирска, Исланд, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство, го осудуваме одобрувањето од страна на безбедносниот кабинет на израелската влада за изградба на 19 нови населби на окупираниот Западен Брег“, се вели во заедничкото соопштение објавено од француското Министерство за надворешни работи.

„Ќе продолжиме да го изразуваме нашето јасно противење на секаков облик на анексија, како и на развојот на политиката на колонизација“, се додава во текстот. мс/

фото: Архива

Остани поврзан