Група издавачи на албански јазик од Тетово бараат ревидирање на програмата за финансирање проекти на Министерството за култура
- Група од 17 издавачки куќи, организации и здруженија во Тетово одржаа прес-конференција на која истакнаа повеќе барања до властите поради нивно незадоволство од распределување на средствата о
Тетово, 22 март 2021 (МИА) - Група од 17 издавачки куќи, организации и здруженија во Тетово одржаа прес-конференција на која истакнаа повеќе барања до властите поради нивно незадоволство од распределување на средствата од Програмата за култура 2021 финансирана од Министерството за култура.
Тие сметаат дека дека оштетена е само албанската култура во државата.
- За да се исправи оваа неправда бараме членовите на комисијата Албанци да се дистанцираат од резултатите. Владата да ја повика на одговорност и да ја разреши министерката Ирена Стефоска, повлекување на оваа антиалбанска програма. Формирање на нови комисии со преставници-Албанци, да се сопре фаворизирање на поединци на штета на здруженијата и издавачките куќи кои се најпогодени од пандемијата, да се направи ревидирање на критериумите за конкурирање, да се унапреди начинот на аплицирање онлајн, бараме од претставниците Албанци во власт да реагираат на оваа дискриминација, изјави на прес-конференцијата Зејнепе Алили Реџепи.
Според неа, албанската култура е оштетена со 110 милиони денари. Содржината на прес-конфренцијата во вид на отворено писмо е испратено до Министерството за култура, политички партии на Албанците и дипломатски претставништва во Скопје. ас/цр