Груби: И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството
- Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку, напиша на социјалните мрежи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби коментирајќи ги
Скопје, 10 септември 2021 (МИА) - Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку, напиша на социјалните мрежи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, коментирајќи ги поднесените оставки на заменик министерот за здравство Илир Хасани и директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими.
- И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството.
Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби на својот фејсбук профил.фф/бак/