• петок, 22 ноември 2024

Гроси: Постои опасност од нуклеарен инцидент во регионот Курск

Гроси: Постои опасност од нуклеарен инцидент во регионот Курск

Мoсква, 27 август 2024 (МИА) - Постои опасност од нуклеарен инцидент во областа Курск, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси по посетата на нуклеарната електрана во Курск.

„Овде постои опасност од нуклеарен инцидент... Денеска ми е кажано за неколку случаи на напади на територијата и на објектите на станицата генерално, фактот дека се водат воени операции на неколку километри од нуклеарната електрана, што предизвикува големи стравови и загриженост за безбедносниот режим“, рече тој на прес-конференција.

Гроси нагласи дека МААЕ ширум светот е одговорна за одржување на режимот на нуклеарната и физичката безбедност на нуклеарните објекти. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан