• понеделник, 23 декември 2024

Гроси: Немам пристап до нуклеарката во Запорожје и не можам да одредам степен на опасност

Гроси: Немам пристап до нуклеарката во Запорожје и не можам да одредам степен на опасност

Виена, 4 август 2022 (МИА) - Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно апелираше за пристап до украинската нуклеарна централа, која сега е под контрола на руските сили, за да се утврди дали таа претставува одредена опасност.

„Контактот со најголемата европска нуклеарна централа, која се наоѓа во Запорожје и со која управуваат украински техничари, не е стабилен и не постои секојдневно“, изјави Гроси за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“.

Остани поврзан