• петок, 22 ноември 2024

ГРОМ во Собранието поднесе барање за информација за високото образование на пратеникот Тони Јаревски

ГРОМ во Собранието поднесе барање за информација за високото образование на пратеникот Тони Јаревски

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Партијата  ГРОМ денеска преку потпретседателката на партијата Добрила Андоновска во Собранието поднесе барање за информација за високото образование на пратеникот Тони Јаревски.

-Во името на граѓаните на Општина Карпош во Собранието поднесуваме барање за информација од јавен карактер за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во однос на неговото високо образование и стекнатите дипломи. Ова го барам од причина што кај одреден број на граѓани кои не гласаат независно на кое ниво на власта се наоѓаме постои основано сомнение дека станува збор за невалидни дипломи за стекнато факултетско образование, рече таа.

Очекува дека во најскоро време ќе ја добие потребната информација од Собранието. фф/

Фото: МИА

Остани поврзан