• недела, 22 декември 2024

Гроздановска: Студиите покажуваат дека писиар тестовите се посигурни, не знаеме какви тестови се користат во Македонија

Гроздановска: Студиите покажуваат дека писиар тестовите се посигурни, не знаеме какви тестови се користат во Македонија
Скопје, 23 март 2020 Коронавирусот има липидна обвивка, што значи тој се уништува едноставно, само со миење на рацете. Доколку сте ги измиле рацете, вие сте го уништиле вирусот. Исто така, со 70 процентен алкохол многу едноставно се уништува вирусот. Доколку пак, одите на места каде што има поголема концентрација на луѓе обавезно е носење на ракавици, а кога ќе дојдете дома облеката ја соблекувате и ја ставате на перење и вие се туширате со топла вода. На тој начин сте го заштитиле вашето семејство и вашиот дом, вели Д-р. Николина Гроздановска на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“. Околу проблемот со тестирањето и зошто мора граѓаните во што поголем број да се тестираат, Гроздановска рече дека доколку неможете да го утврдите изворот вие неможете да го спречите ширењето на заразата. -Значи мора што повеќе луѓе да се тестираат, затоа што има и такви личности кои имаат подобар имунитет и се заразени со Ковид-19 но, немаат клиничка слика. И го шират вирусот. Што правиме со таквите случаеви кои можат да заразат огромен број на луѓе? Значи препораките на СЗО се "тестирај, тестирај, тестирај". И секогаш да се тестираат што поголем број на луѓе. Постојат два видови на тестови што се прават. Едните се со брисови од ждрелото и носот и тие се покажале несигурни. Студиите покажуваат дека писиар (PCR) тестовите пак, се посигурни. Јас до сега за жал, не слушнав какви тестови се користат во Македонија и затоа неможам да кажам колку ни се тестовите сигурни, посочи Гроздановска. Дали може граѓаните повторно да се заразат од коронавирусот, иако го прележале еднаш, д-р. Гроздановска рече дека има такви случаи во медиумите но, се тоа се како еден вид на шпекулации затоа што медицината тоа не го докажала. -Хипотетички да, но сеуште медицински не е докажано, вели Гроздановска. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан