• понеделник, 23 декември 2024

Грковска – Квасни: Политиките за добро владеење се неопходни во спортот, поддршката од Советот на Европа е од клучно значење

Грковска – Квасни: Политиките за добро владеење се неопходни во спортот, поддршката од Советот на Европа е од клучно значење
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ја реафирмираше подготвеноста на Владата да преземе сериозни чекори во насока на подобрување на состојбите во спортот, особено во делот на креирање на политики за добро владеење, антикорупциски политики, младите во спортот и родовата еднаквост во рамките на онлајн работниот состанок со Софи Квасни, извршна директорка на Проширен договор за спорт (ЕПАС), организација која функционира во рамки на Советот на Европа.
Како што информираат од Владата, двете соговорнички изразиле подготвеност да се продолжи соработката во делот на ревидирање на Европската спортска повелба во политиките за спорт во Северна Македонија.
Дополнително, наведуваат, било разговарано да се започне со имплементација на национална програма за добро владеење во спортскиот сектор која ќе опфати подготовка на Кодекс за добро владеење, како и градење на капацитети на спортските организации со цел ефективна примена на Кодексот.
Вицепремиерката Грковска изразила подготвеност да се разгледа можноста Северна Македонија да пристапи и кон потпишување на Маколин Конвенција, која се однесува на превенција од манипулација со спортски натпревари, како и вклучување на Северна Македонија во Групата од Копенхаген која претставува глобална мрежа против местење на натпревари. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан