• понеделник, 23 декември 2024

Грковска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“

Грковска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација.

Настанот е во организација на Центарот за управување со промени, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ и се спроведува во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.

Како што иформираат од владината прес-служба, освен Грковска, на работилницата ќе се обратат и Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

На настанот ќе се презентираат клучните вредности и стандарди што ја сочинуваат концепцијата на добро управување, а кои сега се вклучуваат како интегрален дел на работата на јавната администрација. Исто така, ќе биде претставен нов метод на планирање и следење на јавните политики преку јасни цели и мерливи индикатори, кој веќе е тестиран во секторите јавна администрација, земјоделство и економија. фф/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан