• понеделник, 23 декември 2024

Грковска - Улман: Соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија дава резултати, целта е преку заедничките проекти да овозможиме системски промени

Грковска - Улман: Соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија дава резултати, целта е преку заедничките проекти да овозможиме системски промени
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, на која е разговарано за можностите за заедничка соработка во делот на антикорупциските политики, дигитализацијата, како и доброто управување.Како што информираат од владината прес-служба, вицепремиерката Грковска и се заблагодарила на амбасадорката на Швајцарија за безрезервната поддршка и долгогодишната соработка што двете земји ја имаат на полето на унапредувањето на демократијата, транспарентноста, како и антикорупциските политики.Таа истакнала дека за Република Северна Македонија од исклучително значење е проектите што се реализираат од странските донатори да бидат одржливи и по завршувањето на проектот и да предизвикаат системски промени.Улман, како што се наведува во соопштението, оцени дека многу е важно во процесот на планирање на следните активности на вистински начин да се детерминираат приоритетите, со цел да се обезбеди ефикасност на процесот, како и видливи резултати.Амбасадорката Улман истакнала дека се фокусирани на животната средина, климатските промени, водата, демократското владеење и парламентот, како и поддржа на приватниот и граѓанскиот сектор.Двете соговорнички, како што посочуваат од владината прес-служба, заклучија дека имаат широко поле за соработка и нагласија дека од исклучително значење да се работи на соработката со граѓанскиот сектор.фф/цр

Остани поврзан