• вторник, 24 декември 2024

Грковска - Која: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси

Грковска - Која: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на кого му завршува работниот  мандат во земјава. На средбата вицепремиерката Грковска му се заблагодарила на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во делот на искуствата и експертизата што како држава ја добиваме од Oрганизацијата при креирање на антикорупциски политики, интегритетот и доброто владеење. Како што соопштија од нејзиниот кабинет, таа изразила уверување дека соработката ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор. Грковска и Која разговарале и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година. Од страна на амбасадорот Клеменс Која било нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси. цр/са/  

Остани поврзан