• недела, 22 декември 2024

Грковска - Копман: Планот за раст на Западниот Балкан ќе ги забрза реформските процеси 

Грковска - Копман: Планот за раст на Западниот Балкан ќе ги забрза реформските процеси 

Брисел, 6 март 2024 (МИА) – Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзувањето на реформските процеси во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација, беше главна тема на денешната средба во Брисел на вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска денеска во Брисел директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман. 

Во разговорот Грковска го нагласи значењето на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, како силен механизам за премостување на периодот до полноправното зачленување на Северна Македонија во ЕУ.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство.  

Вицепремиерката истакна дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција специјализиран за овој закон, додавајќи оти ќе инсистира со ребалансот на Буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство. 

Грковска и Копман разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа. 

На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат и активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката што земјата во континуитет ја добива од Европската Унија. 

Средбата на Грковска со Копман е во рамки на нејзината работна посета на Брисел, каде попладнево ќе биде едена од главните говорнички на Форумот „Жените во јавниот живот“, чиј домаќин е потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера Јоурова. сп/нд/

Фото: Влада

Остани поврзан