• недела, 22 декември 2024

Грковска: Западен Балкан е во срцето на Европа и тоа го прави клучен за стабилност

Грковска:  Западен Балкан е во срцето на Европа и тоа го прави клучен за стабилност
Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - За Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата партнерството со САД, како и зачувувањето на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е од врвен приоритет. Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО, порача вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во обраќањето во Вашингтон, на панелот „Како да се спротивставиме на руското и кинеското влијание на Западен Балкан“, во организација на меѓународната независна Трансатлантската мрежа на лидери. 
Како што се наведува во соопштението, Грковска нагласи дека е неопходна силна определба и упорност, независно од тоа што и Северна Македонија, како и останатите земји од регионот е изложена на руско влијание.
 -Не смееме да дозволиме политички предизвици да станат безбедносни проблеми, порача вицепремиерката Грковска. Според неа, со се подолгото одложување на отпочнувањето на пристапните преговори граѓаните губат доверба во политиките кои се во насока на исполнување на нашата најважна стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ. Следствено, со тоа и расте влијанието од Русија и Кина како резултат на зголемената недоверба на граѓаните.
За да се намали и спречи ваквото влијание, додаде вицепремиерката Грковска, важно е државите да ги негуваат демократските вредности, да го промовираат и унапредуваат владеењето на правото, еднаквоста пред законите, како и доследно да ги имплементираат принципите на доброто владеење.
 
Вицепремиерката порача дека силна економија во ЕУ значи стабилен регион. А тоа не можеме да го постигнеме без поддршката од САД, се посочува во соопштението од владината прес-служба. ев/

Остани поврзан