• вторник, 05 ноември 2024

Грифитс: ОН проценува дека по уривањето на браната Каховка 700.000 Украинци имаат потреба од вода за пиење

Грифитс: ОН проценува дека по уривањето на браната Каховка 700.000 Украинци имаат потреба од вода за пиење

Њујорк, 10 јуни 2023 (МИА) - Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска предупреди дека уривањето на браната Каховка уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците.

Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700.000 лица им е потребна вода за пиење.

Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да резултираат со помал извоз на жито, повисоки светски цени на храната и помалку храна за милиони луѓе на кои им е потребна.

Грифитс додаде дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30.000 лица во поплавените области под украинска контрола.

Но, се верува дека илјадници други се заробени од водата. сд/

фото: архива

Остани поврзан