• понеделник, 23 декември 2024

Грилиш: Засрамен сум, не ја повторувајте мојата грешка

Грилиш: Засрамен сум, не ја повторувајте мојата грешка
Бирмингем, 30 март 2020 (МИА) - Капитенот на Астон Вила, Џек Грелиш се извини откако денес стана јасно дека тој се забавувал ноќе во текот на викендот и покрај мерките преземени за пандемијата од коронавирусот од страна на британска влада. „Здраво на сите. Само сакам да направам кратка видео порака за да кажам колку сум длабоко засрамен за тоа што се случи во текот на викендот. Знам дека е тешко време за сите во моментов, бидејќи сме заклучени дома толку долго. Добив повик од мој пријател кој ме замоли да одам да го посетам и јас се согласив што беше глупаво, не сакам некој да ја повтори мојата грешка, затоа ги повикувам сите да останат дома и да ги следат правилата и препораките што од нас се бара да ги следиме. Сигурно дека отсега ќе го сторам токму тоа. Се надевам дека сите ќе го прифатат моето извинување и ќе продолжиме напред. Сите ќе се забавуваме во блиска иднина кога ќе заврши сето ова, рече Грелиш преку својата видео-порака на социјалните мрежи.

Тагови

Остани поврзан