Гризман блиску до нов договор со Атлетико
- Напаѓачот Антоан Гризман е блиску до продолжување на договорот со Атлетико Мадрид, објави во неделата онлајн изданието на мадридскиот весник „AC“.
Мадрид, 5 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот Антоан Гризман е блиску до продолжување на договорот со Атлетико Мадрид, објави во неделата онлајн изданието на мадридскиот весник „AC“.
Клубот од шпанската престолнина сака по секоја цена да го задржи францускиот интернационалец.
Раководството на „црвено-белите“ е подготвено да понуди договор на неопределено време за 33-годишниот стрелец, кој има статус на легенда за Атлетико и за фановите на тимот.
Актуелниот договор на Гризман со Мадрид е до летото 2026 година.
Во текот на оваа кампања, Антоан Гризман одигра 44 натпревари за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 8 асистенции.
Напаѓачот е поранешен играч на Барселона и Реал Сосиедад. дс
Фото: Архива